Автобусот во кој утрово загинаа двајца патници, а 13 се повредени, прво удрил во рид покрај патот, а потоа удрил во камен ѕид од една од куќите.
Возилото се движело од правец на Тврдош кон Требиње, а автобусот од засега непознати причини по кривината удрил во рид покрај патот, пишува TrebinjeLive.info.
Според АТВ, загинал возачот со иницијали Д.К. и сопатникот Д.В., јавува Српскаинфо.
Како што пишува TrebinjeLive, несреќниот возач имал 67 години, а другата жртва 71 година. Неофицијално и двајцата биле во пензија.
Дежурниот обвинител излегол на лице место и е извршен увид. Телата на жртвите се пренесени во Обвинителството во Требиње, каде ќе биде извршена обдукција – изјави за АТВ Срѓан Вукановиќ, портпарол на Окружното јавно обвинителство Требиње.
Од страна на овластено вештачење извршен е преглед на возилото за да се увиди состојбата на техничка исправност.
Во несреќата се повредени 13 патници кои се пренесени во болницата во Требиње, а двајцата тешко повредени во сообраќајната незгода ќе бидат пренесени со хеликоптер штом ќе им дозволат здравствените услови.
Меѓу тешко повредените е и директорката на училиштето „Георги Стојков Раковски“ во Бања Лука, Ивана Љубојевиќ, мајка на потпретседателката на Народното собрание на Република Српска, Ања Љубојевиќ.