СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Богородица има зголемена фреквенција и чекањето за излез е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради обилни врнежи дожд и излевање на р.Реачка река, кај с.Раец, од 07:20 часот сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп е во целосен прекин.
На клучката кај м.в.„Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Се преземаат мерки за расчистување.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ:Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање),
од 19.06 до 23.06.2023 год, Делницата Велес – Градско (во н.м. Градско) ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.04.2023, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5тона.
Фото: Илустрација/одрон