Важна информација за граѓаните: ЦУК испрати сериозно предупредување!

Центарот за управување со кризи информира дека по информациите од Водостопанство за зголеменото ниво на водите во Крива Река кои ќе дојдат и до реката Пчиња, постои опасноста од уривање на мостот во селото Пчиња.

Мостот е со слаба конструкција и за околу два часа ќе дојде до зголемен притисок, па издадено е предупредувањето за избегнување на движењето по овој мост.

Исто така, се предупредува на внимателност при движење покрај речните корита и поројни суводолници, особено во реони на поројни поплавувања бидејќи се очекуваат локални кратки но поројни дождови.

ЦУК презема превентивни и координативни мерки по информацијата од Управата за хидрометереолошки работи за зголемен водостој на локалните реки и на реката Вардар.

Конкретно беше известено дека заради зголемен водостој на реката Вардар во горниот дел од текот, на сливовите со одредени притоки, се можни излевања во Полошката Котлина,

Тетовски-Гостиварскиот регион, потоа во сливот на Река Лакавица и на други критични места во горниот дел од сливот на реката Вардар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде