ВИДЕО: Водата носи се пред себе, направени се огромни штети: Утрово се УРНА МОСТ во околината на Чачак

Во 52 града и општини во Србија е прогласена вонредна состојба поради силното невреме и порјоните дождови кои направија огромни штети.

За 24 часа се евакуирани 217 лица. Патиштата се оштетени, водата однесе мостови и предизвика одрони.

Мостот на Западна Морава, кој ги поврзува чачачките села Мрчајевце и Слатина,

рано утринава беше целосно уништен пред поројните дождови и обилните врнежи од дожд кои го зафатија Чачак и неговата околина.

Најкритично е во околината на Краљево, а со водената стихија се борат речиси во сите делови на централна и западна Србија.

Водата го однесе мостот на Ибарската магистрала во Адране кај Краљево, па сообраќајот на тој дел од автопатот е во прекин.

Поплавниот бран се движи кон Куршумлија, Прокупље и Дољевац.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде