Автомобил „БМВ“ со косовски таблички попладнево паднал во реката Лепенец, откако претходно се судрил со друг автомобил, соопшти полицијата.
Еден човек е спасен, додека по тројца негови сопатници сѐ уште се трага, велат од МВР.
„Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е пријавено дека на патот Скопје-ГП „Блаце“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил „Фолксваген“ со скопски регистарски таблички,
управуван од Б.Б. од Скопје и автомобил „БМВ“ со косовски регистарски таблички, управуван од Н.П. од Косово, кое по несреќата паднало во реката Лепенец.
Во „БМВ“-то, покрај возачот, имало и тројца сопатници“, велат од МВР.
Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите тројца се трага, додаваат од полицијата.