Вчера во Струга, на регионален пат се случила сообраќајка меѓу возило „Опел“ со охридски ознаки управувано од 53 годишниот З.П. и
автобус „Ман“ со скопски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Х.Б. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П., а со телесни повреди се здобил Х.Б. кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св. Еразмо“-Охрид.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.