Потресни сцени од местото на трагедијата: Пронајдено косовското БМВ со телата на тројцата патници

Според информации од истрагата за Канал 5, трите лица по кои од синоќа трагаат нуркачите специјалци од МВР во водите на реката Лепенец, биле членови на исто семејство.

Станува збор за семејството Пацоли од Косово, мајка, татко и син, Мерита, Наим и Ермал. Синот бил на 16- годишна возраст.

И МВР официјално потврди дека се најдени телата на тројцата исчезнати во Лепенец

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце.

Пронајдено е и возилото „бмв“ во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување.“

По сообраќајката кај Блаце, во која БМВ-то со косовски таблички се судри со Фолксваген туран, БМВ-то пропаднало во Лепенец, а во него биле мајка, татко и два сина, од кои едниот имал 16 годинини.

Постариот син на 21- годишна возраст се спасил и е пренесен во болницата „8 Септември“ , додека по останатите членови на семејството се одвиваше потрага низ надојдениот Лепенец.

Сообраќајната несреќа се случила вчера после 15 часот, а според информациите од обвинителството, до неа дошло откако скопјанец со „фолгскваген туран“ тргнал да претекнува колона од возила од Скопје кон Блаце.

„Во моментот кога стигнал паралелно до автомобилот БМВ со косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле,

по што косовскиот автомобил со четворицата патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец, велат од Обвинителството. 64- годишниот возач на фолксвагенот туран со скопски таблички, денеска е приведен.

На местото од каде што попладнево е извлечено возилото БМВ треба да пристигне обвинител за да изврши увид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде