Градоначалникот на Тетово и лидер на движењето БЕСА, Билал Касами изрази длабоко жалење за трагичната сообраќајна несреќа, во која животот го загуби ќерката на професорката Тренделина Деари.
Со длабока тага ја дознавме тажната вест за почитуваната професорка Тренделина Деари – воедно и шефица на форумот на жени на Движењето БЕСА во Гостивар за смртта на нејзината ќеркичка во сообраќајна несреќа.
Во ова тешко време, ја споделуваме болката со семејството Деари и нашите срца се со вас во ова тешко време.
На професорката Тренделина и посакуваме брзо закрепнување и го молиме големиот Бог да го направи ангелчето жител на рајот,
додека на семејството Деари изразуваме искрено сочувство и Бог да им даде трпение.
Почивај во мир мала Андина!, напиша Касами.