Додека веста за исчезнувањето на Полката Анастасија Рубинска (27) на островот Кос во Грција одекнуваше низ целиот регион, локалните медиуми објавија дека полицијата пронашла тело за кое се верува дека е нејзино.
Полицијата интензивно работи на расветлување на овој случај, а наскоро ќе започне и процесот на идентификација на пронајденото тело.
Голото тело на девојчето било пронајдено под дрво, покриено со гранка, на само еден километар од куќата на осомничениот од Бангладеш кој веќе е во притвор.
Според информациите на грчките медиуми, волонтер кој учествувал во истрагата пронашол тело во вреќа.
„Во населбата Аликес е пронајдено тело на гола жена, а полицијата верува дека се работи за исчезнатата 27-годишна Анастасија. Се очекува идентификација од нејзиниот партнер“, се вели во соопштението.
Покрај мажот од Бангладеш, мета на полицијата е и неговиот цимер. На снимката од безбедносните камери од соседните куќи се гледа како мажот од Бангладеш влегува во својот дом со Анастасија.
Сепак, неговиот цимер им рекол на властите дека такво нешто не се случило, а полицијата верува дека тој лажел. Исто така, се наведува дека ДНК на несреќната девојка била пронајдена во куќата во близина на која е пронајдена.
Потсетуваме, Анастасија Рубинска од Полска исчезна на островот Кос во Грција, откако во понеделникот на 12 јуни и исчезнаа сите траги.
Случајот излезе на виделина по пријава на нејзиниот 28-годишен партнер, кој во вторникот попладне го пријавил нејзиното исчезнување во полиција, опишувајќи го последниот разговор што го имал со неа.