Рано утрово нова голема трагедија ја потресе Србија

Р.М.(39) од Бочар крај Нови Бечеј, рано утрово најверојатно со нож ја уби невенчаната сопруга С.Т.(41).

Осомничениот е уапсен, а полициската истрага е во тек, потврдија од полицијата за Телеграф.рс.

Како што пишува Информер, ден пред убиството, во вечерните часови Р.М., ја претепал жената која поради насилството на нејзиниот сопруг се засолнила кај соседот.

Потоа ја молел да се врати дома, а кога се појавила несреќната жена, насилниот сопруг и нанел убодни рани со нож, од кои таа починала.

Соседите велат дека еден час пред убиството се слушнале истрели.

Осомничениот и претходно имал проблеми со законот, а неодамна бил пуштен од затвор во Австрија, каде одлежал три години, поради поседување и пуштање во промет на наркотици.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде