Трагична вест од светот на фудбалот: Почина познатиот фудбалер и актуелен репрезентативец на селекцијата на Литванија

Трагични вести пристигнаа од светот на фудбалот, поточно од Литванија.

Репрезентативецот на оваа земја Каролис Цведукас ненадејно почина на 32 години.

Веста ја објави Фудбалскиот сојуз на Литванија, а причината за смртта не е прецизирана.

  • Во понеделник утрото литванската фудбалска заедница доби трагична вест. Нашиот играч и репрезентативец Каролис Чевдукас ненадејно почина.
  • Литванската фудбалска федерација, во име на целата заедница, сака да изрази најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на починатиот во ова тешко време – беше објавено на веб-страницата на Литванската фудбалска федерација.

Чведукас 20 пати го носеше дресот на репрезентацијата.

Во текот на кариерата беше член на Судува, РНК Сплит, Чојничанка од Полска, Ирски Дандалк и Ватерфорд, фински КПВ, а оваа пролет настапуваше за Маријампоље.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде