Трагични вести пристигнаа од светот на фудбалот, поточно од Литванија.
Репрезентативецот на оваа земја Каролис Цведукас ненадејно почина на 32 години.
Веста ја објави Фудбалскиот сојуз на Литванија, а причината за смртта не е прецизирана.
- Во понеделник утрото литванската фудбалска заедница доби трагична вест. Нашиот играч и репрезентативец Каролис Чевдукас ненадејно почина.
- Литванската фудбалска федерација, во име на целата заедница, сака да изрази најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на починатиот во ова тешко време – беше објавено на веб-страницата на Литванската фудбалска федерација.
Чведукас 20 пати го носеше дресот на репрезентацијата.
Во текот на кариерата беше член на Судува, РНК Сплит, Чојничанка од Полска, Ирски Дандалк и Ватерфорд, фински КПВ, а оваа пролет настапуваше за Маријампоље.