Вонредна вест: Физичка пресметка, па пукање во Охрид, МВР објави детали
На 18.06.2023, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Ц.М.(62), З.К.(49) и Г.К.(49), сите од Охрид.
-Меѓу нив, според пријавеното, во куќа лоцирана на улица „Даме Груев“ настанала расправија во која, Ц.М. физички ,
а потоа и со метален предмет го нападнал З.К., по што од пиштол испукал еден куршум, информираат од охридската полиција.
Повредени лица нема, а по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.