Три лица се повредени во вчерашната железничка незгода што се случила кај прилепското село Гостиражни, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На 18.06.2023 во 17.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патен премин, пред Железничка станица „Гостиражни“, прилепско,
се случила железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Велес – Прилеп и патничко возило „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(24) од Прилеп“, стои во соопштението на МВР.
Во железничката незгода, возачот А.И. и неговите сопатници Н.Н.(19) од Прилеп и А.Н.(51) од селото Црнилиште биле пренесени во Градската болница во Прилеп, каде им биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.