ВОНРЕДНО: 22-годишно девојче пронајдено во безсознание, итно пренесенo во болница

Млада девојка била пронајдена онесвестена на автобуска постојка во Скопје. Истата била однесена на Клиника за токсикологија.

– Вчера во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачје на Ѓорче Петров било пронајдено женско лице во безсознание и

со возило на Итна медицинска помош лицето било пренесено на Клиника за токсикологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош, информира МВР.

Како што додаваат оттаму, по извршениот разговор со неа било констатирано дека се работи за А.М.(22) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде