Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Романија во 08:26 часот, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 14 километри.
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки институт, земјотресот бил на 17 километри од градот Таргу Жи и на 67 километри од Дробета – Турну Северин во југозападна Романија, недалеку од границата со Србија.
Засега нема информации за причинета материјална штета.
Земјотресот е почувствуван и во Србија.