Во далечната 1970 година е снимен серијал и филм според истоимената книга на шведската писателка за деца Астрид Линдгрен.
Иако веќе долго време не ја видовме на малите екрани во приказна која ги меша реалноста и имагинацијата, веруваме дека препознатливата насмевка на актерката веднаш би ве поврзала со необичната девојка со пеги, најпознатиот измислен лик.
Катрин Ингер Моника Нилсон има 63 години и денес живее во Стокхолм и работи како секретарка, а повремено се појавува и во театарска претстава.
За улогата Пипи Долгиот Чорап со која пораснаа многумина, таа ја доби наградата ТП де Оро за „најпопуларен лик“ во 1975 година.
Нилсон подоцна се појави во неколку филмови и серии. Таа во 2000 година го сними „Gripsholm“ во режија на Хавиер Колер, а седум години подоцна глумеше во германската ТВ серија „Der Kommissar und das Meer“.