Нема да ви се верува: Погледнете колку изнесува просечната плата во Македонија

Според ДЗС, во април годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 54 177 денари.

Просечната нето плата во април изнесува 36.134 денари и е зголемена за 14,6 проценти во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите:

Финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 проценти), Административни и помошни услужни дејности (21,7 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 проценти).

Зголемување во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,7 проценти),

Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13,2 проценти) и Административни и помошни услужни дејности (12,5 проценти).

Просечната бруто-плата изнесува 54 177 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде