Во текот на вчерашниот ден, пресреќна беше веста која ја споделуваа сите.
Младиот Кико од Штип ги доби потребните средства за лекување односно беа собрани пари за да може да замине во Турција на лекување.
Сето ова позитивно се одрази кај цела нација, која заеднички се сплоти и помогна во сето тоа, а најголем иницијатор за истото беше Стефан Лазаров, познатиот јутјубер.
Тој доцна синоќа сподели дека Кико е на интензивна нега, но со стабилизирана состојба.
„Кико е на интензивна, но со стабилизирана состојба. Се разбудил и е под анестезија, докторите се грижат за него.
Ќе ве замолам сите медиуми и портали да не пласираат вести кои не се точни или наслови кои привлекуваат внимание со шокантни изјави
За секоја информација чекајте на мене“, напиша Лазаров на социјалните мрежи.