Најнова вест: Автомобил удри жена, со тешки повреди итно пренесена во болница

Вчера околу 22.24 часот во полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Амди Леши“ во Дебар,

патничко моторно возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки ,управувано од О.З.(45) од Дебар, удрило во В.К.(47) од Дебар. 

Во несреќата, В.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од лекар во Здравствена установа во Дебар.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Дебар. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде