Најнова вест: Внукот на Али Ахмети го купи познатиот трговски центар во Скопје

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни ја објави информацијата за добиено известување дека бизнис центарот Соравиа се продава на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“, објави МКД.мк

Дрин Ахмети, внук од братот на Али АхметиФекри, од 2020 година е сопственик на компанијата за развој на градежни проекти „Тор индустрис“.

Од известувањето на КЗК може да се види дека сите три компании, „Тор индистрис“, подружницата на „Пе-вла-ку“ во Македонија и „Соравиа инвест“, сопственикот на бизнис центарот, се регистрирани на иста адреса, на улицата „Филип Втори Македонски“ број 3., пишува „МКД.мк“.

Дрин Ахмети е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас.

Оваа фирма добила пет тендери во вкупна вредност од 8 милиони денари. Негов партнер во оваа фирма бил и Бесин Ахмети, неговиот брат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде