Фејсбук статус на јутјуберот Стефан Лазаров, во врска со голема измама која кружи на социјалните мрежи.
Од извесен Фејсбук профил се бараат пари за Кико, личноста се претставува како тетка на Кико и кажува различни лаги за да добие пари.
„Добив многу пораки во текот на вечерта дека оваа жена лажно се претставува како тетка на Кико и бара пари да се префрлат на нејзина сметка.
Како што гледате на сликата иако на профилот пишува Даниела Ивана, во пораката е дадена сметка од Цвета Стојкоска.
Во меѓувреме и мене ми пишала да донирам за нејзините покојни родители. Ве молам внимавајте бидејќи постојат луѓе кои очигледно не се плашат од Господ и немаат грам морал.
Надлежните органи се известени и се надеваме на брза реакција. Вие внимавајте за да не направите грешка и си ги изгубите парите.