Стpашна сообраќајна несреќа: Три лица итно пренесени во болница

Вчера се случила тешка сообраќајна незгода на пат кон селото Бардовци, при што три лица се здобиле со повреди.

– На 21.06.2023 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локален пат кон с.Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо 406“ со скопски регистарски ознаки,

управувано од Љ.А.(42) од с.Бардовци, скопско и патничко моторно возило „нисан микра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(25) од Скопје, соопшти МВР.

Како што информира МВР, во несреќата со телесни повреди се здобиле Љ.А. и нејзината 16 – годишна сопатничка од с.Бардовци кои им

биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, додека со тешки телесни повреди се здобил возачот А.А. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде