Важна информација за сите возачи: Бидете крајно внимателни, полицијата е пуштена на најјако

Во текот на вчерашниот ден (21.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на

Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 345 возачи.

Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 205 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 140 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде