Во изминатите часови во планинските региони, но и во оние населени места кои се во близина на планините имаше локална појава на нестабилност, проследена со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер, како и локална појава на град.
Токму ова е најава за надоаѓање на големата влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад, и истата ја најавивме уште пред неколку денови и најизразена ќе биде за време на викендот.
Опасност од појава на локално НЕВРЕМЕ ќе има и утре попладне, додека за време на викендот на повеќе места низ Македонија.
Големото невреме ќе биде проследено со интензивен пороен дожд, ГОЛЕМО количество на воден талог за кратко време, силен ветер, како и со појава на град и истиот би можел да биде дури и од поголема величина.
Поради загреаната Атмосфера, исполнета со МНОГУ ЕНЕРГИЈА, локално ќе има појава и на СИЛНИ ГРОМОВИ и грмежи.
Слично време деновиве ќе има и во Скопје и околината ( можно е НЕВРЕМЕ, како и локални поплавувања).
Низ Македонија исто така во пориодот пред нас постои опасност од нови поплави, како и излевање на некои од реките.
Препорачуваме, во случај на појава на НЕВРЕМЕ, како и на СИЛНИ и чести електрични празнења, граѓаните да бидат МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ.
Температурите нема многу да се менуваат и остануваат ЛЕТНИ, освен од недела кога истите ќе бидат во мал пад.
Инаку и метеоролозите од регионот во следните денови најавуваат МНОГУ ЛОШО време и ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ низ Балканот, вклучувајќи ја и Македонија.
Извор: Метео аларм / Славчо Поповски