Чудни облаци над Љубљана по невремето: Метеоролог објасни што значи тоа

Силно неверме ја погоди Словенија, поточно Љубљана денеска.

Покрај обилните врнежи градот бил погоден и од град со големина на голф топчиња, а некаде паѓале и поголеми топки град. 

За невермето веќе на големо се пишува на социјланите мрежи, а дека истото се наближува и кон нашата земја укажува и метеорологот Славчо Поповски. 

Нашиот метеоролог предупредува дека можни се изразите врнежи, па дури и град во следниве денови и во нашата земја. 

Над делот на Љубљана, по невремето кое виореше низ централна Словенија, се појавиле необични облаци кои наликуваат на меурчиња.

Тоа се облаци од мамматус, наречени млечни облаци. Како што објаснила метеорологот за N1 Загреб, Теа Блажевиќ, овие облаци често се појавуваат на дното на кумулонимбусот и се резултат на турбуленции во олујниот облак што се појавува во нестабилна атмосфера.

Најлесно е да се видат кога сонцето е ниско на небото, објаснила Блажевиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде