Двегодишно дете пукало со пиштол кон својата бремена мајка и ја убило заедно со нероденото бебе – ТРАГЕДИЈА ВО САД

Двегодишно дете пукало со пиштол кон својата бремена мајка и ја убило заедно со нероденото бебе.

Ужасната трагедија се случила во малото гратче Норвалк, Охајо.

Се додава дека околу 13 часот на 16 јуни полицијата добила повик од 31-годишна жена која рекла дека „нејзиниот двегодишен син ѝ пукал во грб“, пренесува Си-Ен-Ен.

За време на разговорот со диспечерот, Лаура Илг рекла дека е бремена во осмиот месец.

Полициските службеници пристигнале на местото на настанот неколку минути подоцна, а мајката и синот, заедно со пиштолот, ги пронашле во спалната соба на горниот кат.

Жената била префрлена во болница каде што починала заедно со нејзиното неродено дете.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде