ГОЛЕМА НЕСРЕЌА: Шест лица се во КРИТИЧНА состојба, еден се уште се води како исчезнат по експлозијата во Париз

Шест лица се во критична состојба, а едно лице се уште се води како исчезнато, еден ден по силната експлозија која одекна на улица во близина на Латинскиот кварт во главниот град на Франција, соопшти француското обвинителство.

„Тие бројки сè уште можат да се променат“, изјави обвинителката Мејлис Де Роек за Ројтерс, додавајќи дека околу 50 луѓе се ранети во експлозијата.

Експлозијата предизвика пожар во неколку згради, а фасадата на едната се сруши на улицата.

Од двете лица кои првично се сметаа за исчезнати, едното е пронајдено во болница, додаде обвинителот и рече „потрагата по второто лице е во тек“.

Властите се уште не соопштуваат што ја предизвикало експлозијата, но очевидци велат дека дошло откако се почувствувал силен мирис на гас.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде