Почина малиот Кристијан Коцев-Кико, за кого изминативе денови се собираа пари за лекување во Турција.
Веста ја соопшти јутјуберот Стефан Лазаров кој беше во постојан контакт со семејството и ја водеше кампањата за собирање средства.
Неговата состојба се влошила во последниве два дена.
Кико требаше итно да замине на третман во Турција, но поради влошување на неговата здравствена состојба со неговата ретка болест тоа не се случи.
Тој последно се лекуваше во приватна болница во Скопје, каде лекарите се бореа за неговиот живот.
Народот собираше пари за неговото лекување преку хуманитарната акција, која ја започна јутуберот Стефан Лазаров.
Тој предмалку се огласи на социјалните мрежи преку видео порака.
„Парите ќе бидат донирани на друго дете. Ако не успеавме да го спасиме Кико, ќе дадеме се од себе да спасиме некое друго дете.
Хуманитарниот концерт во вторник ќе се одржи. Сите сакам да дојдете да ја наполниме салата за Кико, да пееме песни за Кико и сите пари што ќе ги собереме ќе ги донираме на некое друго дете.“, низ силзи порача Лазаров.