Македонија во црно: Загина младо дете по тешка несреќа

Како што соопшти полицијата вчера околу 18 часот и 30 минути во полиција било пријавено дека на улицата „Александар Урдаревски“, Р.С.(41) од Скопје,

управувајќи трицикл, изгубил контрола и паднал на коловозот заедно со малолетна сопатничка.

МВР соопшти дека по несреќата, двете повредени лица биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на возачот Р.С. му биле констатирани телесни повреди.

Малолетната сопатничка се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната помош починала, велат од МВР.

МВР извести дека увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје,

а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, се вели во соопштението.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде