Метереолозите предупредуваат: Можни се екстремни временски неприлики

Климатскиот феномен Ел Нињо, повторно ги загрева површинските води во централниот дел на Пацификот,

па затоа експертите предупредуваат дека по седум години може да дојде до различни екстремни временски настани, од суши до поплави, до рекордни температури, пренесува агенцијата Анадолија.

Ел Нињо се случува кога слабите ветрови кои дуваат за запад кон Азија не ги туркаат топлите површински води во таа насока,

предизвикувајќи зголемување на температурата на површината за околу четири до пет степени Целзиусови во источниот тропски Тихи Океан.

Овој феномен спречува поладните, подлабоки води од овој регион да се издигнат на површината, предизвикувајќи промени во временските шеми во другите делови на светот.

Ел Нињо предизвикува различни временски феномени, како обилни дождови, поплави, суши и шумски пожари.

Особено погодени од потенцијално екстремни временски настани на Ел Нињо можат да бидат регионите на Тихиот Океан, Рогот на Африка, Југоисточна Азија и Јужна Америка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде