Комбе марка „форд“со тетовски регистарски таблички се запали во движење на експресниот пат Радовиш-Штип, во близина на крстосницата за Рудникот „Бучим“.
Според информацијата на портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, запалувањето на возилото било пријавени во Полициската станица Радовиш вчера во 19:30 часот.
-Пожарот го изгаснале пожарникарите од Радовиш, а екипа на полицијата врши увид на местото на незгодата. Во пожарот нема повредени и загинати, изјави Трајанова за МИА.
Заради пожарот се создадоа подолги колони возила од двете страни на патот,
а по интервенцијата на пожарникарите нормализиран е сообраќајот, кој извесно време се пренасочуваше по регионалниот пат кон Штип