Депозитите во вкупен износ во мај се зголемени за 10,7 проценти на годишно ниво, а кредитите за 6,5 насто.
Во тие движења поголемо е учеството на граѓаните, отколку на фирмите и компаниите, покажуваат најновите податоци на Народната банка за монетарните движења, објави bankometar.mk
На месечно ниво депозитите во петтиот месец од годината пораснале за 1,9 насто, а тоа е ефектот од зголемениот интерес за депонирање влогови, каде што е поголем придонесот на корпоративниот сектор.
Кај кредитите месечниот раст е 0,9 проценти, а за тоа се заслужни речиси подеднакво и домаќинствата и корпоративниот сектор.
Што се однесува до корпоративниот сектор, вкупните депозити во мај се зголемени за 5,3 насто на месечно ниво. Во однос на истиот месец лани растот е 17,8 проценти.
Кредитите, пак, за еден месец се повисоки за еден насто, а на годишно ниво – 6,5 проценти. И тоа, поголем дел од одобрените кредити се во странска валута.
Банкарските заштедите на граѓаните во мај оствариле раст од 0,6 насто. Споредено со состојбата од пред една година, се бележи зголемување од 8,7 проценти. Притоа, депозитите се и во денари и во девизи.
Истиот месец, за 0,9 проценти се зголемила задолженоста на населението кај банките, што на годишно ниво претставува раст од 6,5 насто. Или, долгот изнесува 3,4 милијарди евра. Поголемиот дел од кредитите се во странска валута.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА