Штип и Македонија во солзи: Погребот на Кико ќе биде утре

Почина Кико, момчето за кое македонската јавност се крена на нозе и собираше донации за негово лекување.

За кратко време граѓаните собраа над 50.000 евра, но 20-годишниот Кристијан Коцев кој боледуваше од ретка и тешка болест Атаксија не издржа да замине во Турција каде требаше да биде третиран со матични клетки.

Поради влошената здравствена состојба, не можеше да биде транспортиран со медицински авион во Истанбул, а последно беше лекуван во приватна болница во Скопје каде лекарите се бореа за неговиот живот,

но последните два дена дошло до сериозно влошување на состојбата поради брзо прогресирање на болеста.

Погребот ќе се одржи во сабота од 13:30 часот. Претходно, од 11 до 13 часот ќе бидат изложени посмртните останки на градските гробишта во Штип.

Оваа фотографија ја сподели и Стефан Лазаров, кој додаде дека секој што сака, може да дојде и да се опрости од Кико.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде