Уште една трагедија на македонските патишта: Загина 28-годишно момче

Загина 28-годишен мотоциклист по собраќајна несреќа со „ауди“ на место викано „Рудина“.

Вчера во 18.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ораовица, радовишко,

на место викано „Рудина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(30) и

мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од С.Т.(28), двајцата од село Ораовица, информира МВР.

– Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш.

Увид извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа од Полициска станица Радовиш, велат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде