Охридско-струшкиот Регион зафатен од силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, велат од УХМР.
Правец на движење на нестабилноста е од југозапад кон североисток. Од Управата апелираат на голема внимателност.
Невремето во Охрид остави последици во градот. Дел од улиците се поплавени, а има и штети.
Веќе има поплаки за оштетени автомобили, поплавени простории во руралните делови.
Водата од улиците, се излева и по тротоарите. Има и паднати дрвја. Додека траеше невремето, градот беше парализиран.
Силното невреме ги зафати Охрид, Струга, Дебрца и Кичево. Пороен дожд и грмотевици, проследени со ветер повеќе од еден час има во охридско-струшкиот регион.
Од Центарот за управување со кризи велат граѓаните каде што гледаат критични точки од поројот или попречување на пат да пријават на 112 или во Општината,
а и директно во локалните комунални претпријатија, додека за испумпување вода во Пожарна и Дирекцијата за заштита и спасување.