Во саботата на 24 јуни се одржа големото супер финале на „Ѕвезда Гранда“ во кое се бореа 17 натпреварувачи.
Меѓу финалистите се најдоа Џенан Ракиќ, Мартина Јозиновиќ, Ненад Костов, Маја Јевтиќ, Петар Булатовиќ, Лидија Матиќ, Славица Ангелова, Нејаз Неки Рамчевски, Амна Јусиќ, Хамза Гушиќ, Ксенија Тану, Игор Кнежевиќ, Милано Хашевиќ, Милана Булатовиќ, Семир Џанковиќ и Драган Ѓуриќ.
Публиката со своите гласови во текот на програмата утврди кој заслужил да ја однесе големата титула дома.
Победник на овогодинешната сезона е нашата Славица Ангелова од Струмица, чиј ментор беше Ѓорѓе Давид.
По објавувањето на резултатите таа се обрати до медиумите.