Струмичанката Славица Ангелова победи во телевизиското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде учествуваа вкупно 17 кандидати.
Таа во последниот финален круг се соочи со Драган Ѓуриќ од Босна и освои 88 367 гласови од гледачите од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
Саша Поповиќ ѝ ги врачи клучевите од автомобилот ФИАТ ТИПО кој заслужено заминува во нејзини раце.
Ангелова уште со нејзиниот прв настап покажа дека е еден од најсериозните кандидати за освојување на првото место.
Нејзиниот талент веднаш го препозна и рокерот Ѓорѓе Давид кој на првата аудиција ѝ порача дека одамна се нема појавено таков талент во популарното музичко шоу.
,,Благодарам што сите гласаа за мене. Благодарност и до мојот ментор Ѓорѓе Давид кој несебично се залагаше не само за мене туку и за сите кандидати“, кажа скромната Ангелова.
Славица е студентка на медицинскиот факултет, а на јавноста ѝ е позната и по учеството во бугарскиот The Voice.
Оваа автентична млада интерпретаторка големо внимание посветува и на изгледот. Во секојдневието е поопуштена и секогаш е за кежуал варијанта, соодветна на нејзината возраст.
„Во секој случај, мојата цел е да бидам оригинална и своја“, истакна во една прилика.