Славица Ангелова од Струмица победник во музичкото ТВ шоу „Ѕвездите на Гранд“

Струмичанката Славица Ангелова победи во телевизиското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде учествуваа вкупно 17 кандидати.

Таа во последниот финален круг се соочи со Драган Ѓуриќ од Босна и освои 88 367  гласови од гледачите од  Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

Саша Поповиќ ѝ ги врачи клучевите од автомобилот ФИАТ ТИПО кој заслужено заминува во нејзини раце.

Ангелова уште со нејзиниот прв настап покажа дека е еден од најсериозните кандидати за освојување на првото место.

Нејзиниот талент веднаш го препозна и рокерот Ѓорѓе Давид кој на првата аудиција ѝ порача дека одамна се нема појавено таков талент во популарното музичко шоу.

,,Благодарам што сите гласаа за мене. Благодарност и до мојот ментор Ѓорѓе Давид кој несебично се залагаше не само за мене туку и за сите кандидати“, кажа скромната Ангелова.

Славица е студентка на медицинскиот факултет, а на јавноста ѝ е позната и по учеството во бугарскиот The Voice.

Оваа автентична млада интерпретаторка големо внимание посветува и на изгледот. Во секојдневието е поопуштена и секогаш е за кежуал варијанта, соодветна на нејзината возраст.

„Во секој случај, мојата цел е да бидам оригинална и своја“, истакна во една прилика.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде