Страотни сцени од овој македонски град: Водата носи се пред себе, во прекин и сообраќајот на патниот правец Берово – Виница

Невреме проследено со грмежи, пороен дожд и врнежи од град денеска го зафати Берово.

Поради големината на врнежите од град, жители јавуваат за оштетени автомобили, а од видеата објавени на социјалните мрежи од страна на граѓаните, забележлива е големата количина вода низ градските улици.

Во соседната општина Пехчево исто така забележани се поројни дождови поради што регистрирана е обилна количина вода по улиците.

Поради електричното празнење, надлежните апелираа без потреба да не се излегува од домовите за времетреање на невремето.

Големо невреме и во Беровско Регионалниот ЦУК Штип известува дека од понарникарите на ТППЕ Берово има известување дека Општина Берово е зафатена со пороен дожд и град.

Патниот правец Берово-Виница е во прекин кај с.Смојмирово бидејки е надојдено многу вода од Колачински поток.

Исто така, ЦУК известува дека има информација дека Смојмирска река е многу надојдена и има штети по земјоделските површини и има поплавено неколку објекти.

Се уште нема конкретно колкава штета има, бидејки невремето се уште не стивнало во моментот на информирање, велат од ЦУК.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде