Страшно невреме ја погоди и Дебарца, има големи штети

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека како последица од невремето на територијата на град Охрид и Општина Дебарца се пријавени повеќе штети и поплавувања на станбени,

деловни објекти, подрумски простории, штета на кровни конструкции, соларни панели како и земјоделски насади.

Екипите со вработени од јавните претпијатија се постојано на терен со цела механизација со која се располага.

Колекторот е ставен во функција, а се чистат и сливниците каде што што има проблем со фекална и атмосферска канализација.

Во моментот нема врнежи од дожд и град, водата од улиците е повлечена и до крајот на денот целиот град се очекува да биде исчистен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде