ВИДЕО: Се споија небото и земјата над Берово

Невреме проследено со грмежи, пороен дожд и врнежи од град денес го зафати Берово.

Поради големината на врнежите од град, жители јавуваат за оштетени автомобили, а од видеата објавени на социјалните мрежи од страна на граѓаните, забележлива е големата количина на вода низ градските улици.

Во соседната општина Пехчево истотака забележани се поројни дождови поради што регистрирана е обилна количина вода по улиците.

Поради електричното празнење, надлежните апелираа без потреба да не се излегува од домовите за времетреање на невремето.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Да потсетиме, утрово силно невреме го погоди и охридскиот регион.

Огромни штети на земјоделските насади предизвика невремето што го зафати регионот на Охрид, Струга и Дебрца, проследено со град со големина на орев, грмотевици и засилен ветер.

Има и поплавени места, куќи и дворови, а граѓаните се жалат и на оштетени автомобили.

Од Општина Охрид велат дека досега се пријавени само штети од поплави, но очекуваат најголемите поплаки да дојдат од земјоделците.

„Најголемиот проблем е отежнатиот сообраќај на одредени пунктови, каде што имаме сериозен проблем со надојдената вода, а има и поплавени домови. До овој момент, освен поплавите на одредени места, нема други пријавени штети, а штетата на земјоделските површини очигледно ќе биде огромна. Дополнително ќе се сумираат сите резултати, откако земјоделците ќе ги пријават своите штети. Нè чека сериозна работа. Охрид го зафати невреме кое траеше повеќе од половина час со зрна град големи колку орев и нормално е да има штета“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде