Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, чиј внук деновиве е топ тема во јавноста со купувањето на Соравија и фирмата за ископ на варовник, нема промена во анкетниот лист уште од претходниот мандат.
Па така, пријавил дека поседува околу 130 илјади долари недвижен имот и подвижен имот во вредност од 7 илјади евра.
Ова е неговото богатство кое го има пријавено во анкетниот лист до ДКСК на Македонија:
Али Ахмети како личен имот пријавил куќа во Зајас, Кичево од 254 метри квадратни, проценета на 100 илјади долари, за која не дал податок како ја стекнал.
Во Албанија пријавил земјиште од 700 метри квадратни од 30 илјади долари. И за него не дал податок како го стекнал.
Нема сопствено возило, но затоа неговата сопруга вози Фолксваген поло, од 7 илјади евра.
На трансакциската сметка, пак, има 758.482 денари.