ПОСЛЕ борба со тешка болест, музичарот од Риека Игор Вилхајм почина на 58-годишна возраст.
Нови лист пишува дека Вилхајм починал во петокот вечерта.
Тој беше еден од основачите на поп-рок групата Идејни Немири, чија музика го карактеризираше новиот бран на Риека. Најпознати беа по хитот Bombe i bonboni.
Составот е основан 1982 година, а покрај Вилхајм во истиот партиципираа и Давор Ореб (вокал, бас) и Саша Тумара (тапани). Една година подоцна им се придружи клавијатуристот Горан Троха.
Последната деценија Игор беше дел од кантри блуграс-бендот Sarah & The Romans кои се простија од него преку објава на „Фејсбук“.