Тажна вест вечерва ја потресе Македонија: Почина познатата професорка

Почина професорката д-р Доневска Мариа. Веста ја објави Драги Змијанац, основач на Првата детска амбасада „Меѓаши“, со кој таа често соработуваше на работилниците.

Д-р Мариа Доневска беше доктор по хуманистичките науки на Универзитет во Лоѓ, Полска, 1977 година и доктор по социјалната политика на УКИМ, Скопје, 1994 година.

Актуелно, и ако во пензија, член е на докторските Совети во Институтот за социјална работа и политика и Институтот за педагогија на Филозофскиот Факултет во Скопје.

Нејзиниот фокус во науката е теорија и методи на социјалната работа, сиромаштвото и социјалната исклученост, и волонтерството.

Д-р Доневска има пет самостојно објавени книги, главен уредник и коавтор е на шест книги. Освен тоа, Доневска е автор на 120 публикации во Македонија и другите земји.

Координатор на домашните и странските проекти од област на социјалната политика. Под нејзиното менторство докторирале 4 лица, а 15 се здоби со магистерското звање.

Визитинг професор на Уиверзитетот во Ниш, Србија и во на Отворениот Универзитет во Варна, Бугарија каде предавала Теорија и методи на социјалната работа.

Била член на првата Комисија за лиценцирање на лица вработени во социјална заштита со пет годишен мандат.

Д-р Доневска е член на редакциските одбори на двeтe списанија, почесен член на Собранието на Граѓанско Здружение – Меѓаши, член на Одборот на Граѓанското Здружение ХОПС и консултант на организацијата Паблик.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде