ВИДЕО: Силно невреме синоќа во Куманово – има штети

Регионалниот ЦУК Куманово известува дека по силниот пороен дожд што го зафати градот Куманово,

во вечерните часови, а поради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дошло до поплавување на куќи,

Екипите од ТППЕ Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во с.Черкезе, додека ЈП ,,Водовод“, била на ул. Никола Вапчаров каде што известува дека подигнато реката и има поплава на улицата,

и на ул. ,,Србо Томовиќ”, бр.36, при што имало поплавени подрумски простори каде известуваат дека не можело да се реши веднаш случајот и треба самата вода да се повлече.

Денес на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите

ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

И во Скопската Котлина денес попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, велат од УХМР.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде