Во „Ѕвезда Гранда“ победи струмичанката Славица Ангелова, која беше менторирана од Ѓорѓе Давид.
Вицешампион беше Драган Ѓуриќ, натпреварувач од „јатото“ на Цеца Ражнатовиќ,
што не ја спречи пејачката меѓу првите да му честита на колегата, додавајќи дека е среќна што стекнала уште еден пријател.
– Драг мој, сакан „лудаку“, ти честитам од се срце! Ако некој го заслужи тоа по толку години напор, „изгорување“ за своите кандидати, тоа си ти.
Нека ви е со среќа победата во „Ѕвездите на Гранд“ и да си ми жив и здрав уште 100 години – порача Ражнатовиќ со фотографијата на рокерот што ја објави на Инстаграм, додавајќи:
– Драго ми е што стекнав уште еден прекрасен пријател во мојот живот. Те сака твоја Цеки . Уживај, душо во својата радост. Знам дека е огромна.