Се огласи Комерцијална банка: Еве од кога започнува исплатата на пензиите

Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за јуни од вторник, 27.06.2023 година.

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од вторник 27.06.2023 година и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

Вторник, 27.06.2023 година, исплата на пензии до 11.000 денари,

Среда, 28.06.2023 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари,

Четврток, 29.06.2023 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари,

Петок, 30.06.2023 година, исплата на пензии над 18.000 денари.

За да се избегнат редиците за сите корисници на банкарски услуги, од Комерцијална банка апелираат при посета на филијалите и експозитурите да се почитува наведениот распоред.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде