Новинарот на Тв Клан, Фуркан Салиу, на Фејсбук објави катастрофално лоши фотографии од болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид.
„ Ова е Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо” – Охрид.
Овие слики се од третиот спрат каде што престојуваат децата со посебни потреби. Терапиите за нив обично се интензивни и траат по 30 дена. Во вакви услови престојуваат по месец дена децата со посебни потреби со нивните мајки…
– Еден фрижидер за 7 мајки и 7 деца
– Алиштата се перат во пластични садови затоа што нема машина за перење
– Храната ја спремаат во решо со две плочи кои што често не работат
– Повеќе од пола од светлата се нефункционални
– Прозорците ги покриваат со ќебиња за да се заштитат од сонцето
– Деца со посебни потреби се држат во простории што се мувлосани од сите страни
И што е најтрагично, деца со посебни потреби кои се повозрасни од 3 години треба сами да престојуваат во овој објект или па да платат 10 евра од ден ако родителот сака да остане со него.
Едноставно веќе немам зборови да го опишам нашиот јавен здравствен систем. Само што ќе помислам дека сме го допреле дното, се појавува нешто што ме демантира.“ напиша тој.
Фотографиите погледнете ги ТУКА