ЛУЃЕ „ЛЕТААТ“ ОД ЕДНИОТ НА ДРУГОТ КРАЈ НА ПАЛУБАТА: Ветерот носеше се пред себе, страшна бура на Флорида

На социјалните мрежи се појави застрашувачка снимка на која се гледаат патници од брод за крстарење фатени во бура како трчаат на безбедно и се обидуваат да си ги спасат животите.

Имено, се работи за брод за крстарење, „Ројал Кариби“, кој превезувал голем број туристи.

Инцидентот се случил на Флорида, а во еден момент палубата на бродот толку се навалила што гостите буквално почнале да „летаат“ од едниот до другиот крај на бродот.

Овој страшен момент го снимил еден од патниците, а на него се слушаат преплашените гости, кои гледале како летаат лежалки и чадори од силниот ветер и паѓаат врз луѓето кои не успеале навреме да побегнат.

Она што најмногу ги загрижи корисниците на социјалните мрежи е тоа што никој од екипажот на бродот не ги информирал патниците за тоа што се случува, ниту каде да се сокријат за да бидат безбедни.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде